Борусија не заборава како парижаните се мајтапеа со Халанд

Откако се појави информација дека Пари Сен Жермен со парите од најавената продажба на Килијан Мбапе ќе се обиде да го купи Ерлинг Халанд, од Борусија Дортмунд се јавија со став дека нема да му ја продадат својата ѕвезда ова лето, особено не на парискиот тим. Во Дортмунд не забораваат како играчите на ПСЖ се шегуваа на сметка на Халанд во март 2020 година, откако го елиминираа германскиот тим.

Халанд кога ги даваше головите за победа на Борусија, прославуваше во „зен“ поза.

Но, реваншот во Париз им припадна на Французите, ја елиминираа Борусија, па Мбапе, Нејмар и другарите му се одмаздија на Норвежанецот кој сега сакаат да им биде соиграч.

- Оглас -

Најнови вести