Борусија останува на максимум во Менхенгладбах

Денеска и утре во вонреден термин се играат натпреварите од претпоследното, 16-то коло од првиот дел на сезоната во Бундеслигата, па повторно со своја анализа и предлог-типови за пет натпревари со Спорт Манија е редовниот гостин Александар Васоски.

„Како и секогаш, има доста интересни натпревари, првиот дел од сезоната имаше одличен фудбал во Германија и очекувам и денеска и утре да има доста возбудувања. Навивачки сакам мојот поранешен тим Ајнтрахт да го победи Мајнц во локалното дерби, кое носи и солиден ривалитет меѓу двете екипи. Апсолутни фаворити за победа во ова коло се двете Борусии и Волфсбург, а головите се некако најреална варијанта на дуелот меѓу Вердер и Хофенхајм“, вели Васоски во најава на анализата и предлог-типовите за 16-тото коло во Бундеслигата.

 

Борусија Менхенгладбах – Нирнберг (18.30 часот)

Борусија е еден од ретките тимови во Европа што ги има сите победи на домашен терен. Тимот од Менхенгладбах игра извонредно во првиот дел од сезоната, а и денеска е голем фаворит против Нирнберг. Екипа која нема ниту еден триумф на гостински терен и игра скромно во последно време.

Борусија има одлични офанзивни играчи, Торган Азар и Аласан Плеа се во топ 10 стрелците во Бундеслигата и очекувам повторно да бидат ефикасни и денеска против Нирнберг. Домашниот тим ќе нападне со цел побрзо да ги разреши сите дилеми околу победникот и да остане на второто место пред дербито со Борусија Дортмунд во последното коло од првиот дел од сезоната.

Предлог тип: 1-1&3+ (2.65)

 

Фортуна – Борусија Дортмунд (20.30 часот)

Ова е регионално дерби меѓу две екипи од градови кои се блиску еден до друг, но разликата во квалитет е голема. Апсолутно класата на Борусија Дортмунд се потврди со ефектни и ефикасни игри во досегашниот дел од Бундеслигата. Тие се единствената екипа без пораз во првенството, имаат 9 бода предност пред конкурентите и ќе одат на нова победа, со цел да ја задржат или да ја зголемат предноста пред Баерн и Борусија Менхенгладбах.

Домаќините имаат доста проблеми и со повредени играчи и тешко дека ќе успеат да го изненадат лидерот во Бундеслигата.

Предлог тип: 2&3+ (2.05)

 

Волфсбург – Штутгарт (20.30 часот)

Волфсбург е во добра серија во финишот на првиот дел, има 3 победи и реми на последните 4 натпревари, а верувам дека и вечерва ќе ја продолжи низата.

Штутгарт ги загуби сите натпревари на гостински терен со поквалитетните екипи, екипата не е во добра форма и се бори за опстанок, па се очекува победа на Волфсбург и најмалку два гола во мрежата на Зилер.

Предлог тип: 1&Т12+ (2.22)

 

Вердер – Хофенхајм (среда, 20.30 часот)

Хофенхајм во минатото коло ја прекина серијата од 8 меча со најмалку еден постигнат гол, но очекувам повторно да одигра ефикасен меч. Имаат серија од 4 нерешени натпревари, играа доста мечеви поради учеството во Лигата на шампионите и имаат еднакви шанси за победа како и Вердер.

Очекувам неизвесен меч, а, секако, головите се најдобра опција за типување бидејќи и Вердер дава, но и прима доста голови.

Предлог тип: 3+ (1.40)

 

Мајнц – Ајнтрахт (среда, 20.30 часот)

Ова е уште едно регионално дерби, а има солиден ривалитет меѓу двете екипи. Ајнтрахт ме воодушеви со игрите сезонава и како поранешен играч на овој тим навивачки ќе типувам победа против Мајнц.

Сакам да продолжи серијата одлични настапи на Ајнтрахт, кој има перспективен состав, игра без калкулации, напаѓачки и заслужено е во горниот дел од табелата.

Предлог тип: 2 (2.35)

 

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести