Борусија победи на теренот на кој Баерн загуби со 4:1 (Видео)

На Борусија Дортмунд и беше доволно да даде еден гол за да стигне до трите бода на тешкото гостување кај Хофенхајм, во меч од четвртото коло во Бундеслигата. Марко Ројс во 76 минута погоди по одличната асистенција на Халанд, за голема радост на гостите.

Стадионот на Хофенхајм е едно од потешките места каде што може да се победи, а тоа пред 20-тина дена го почувствува и шампионот Баерн Минхен, кој загуби убедливо со 4:1.

 

Речиси целосна доминација имаа гостите во мечевите од 15:30 часот. Лејпциг победи со 2:0 на гости кај Аугзбург и сега е нов лидер на табелата. Штутгарт со 2:0 победи во Берлин против Херта, а Баер Леверкузен даде еден погодок и тој беше доволен за радост и три бода на гостувањето кај Мајнц.

Единствениот бод за домаќините го освои Фрајбург играјќи 1:1 против Вердер Бремен. Тоа беше и единствен гол што го постигна некоја домашна екипа во петте меча кои се одиграа досега во ова коло од Бундеслигата.

Вечерва се играат уште два меча и тоа: Арменија Билефелд – Баерн Минхен и Борусија Менхенгладбах – Волфсбург.

 

- Оглас -

Најнови вести