Борусија треба да биде задоволна со 2-2, Баер Леверкузен никако

Ремијата од 2-2 на Борусија Дортмунд против Хофенхајм, и на Баер Леверкузен истотака дома, против Мајнц, се изненадувачки резултати и непосакувани за фаворитите кои бркаат пласман во Лигата на шампионите.

Но, според тоа како се движеа резултатите, во Борусија треба да бидат и задоволни со бодот. Халанд со 81-ва минута изедначи на 2-2 и спречи трети пораз за тимот во последните четири кола. Летоска Хофенхајм во Дортмунд победи со 4-0, со четири гола на Крамариќ, а овојпат Хрватот го немаше кај гостите и тоа беше олеснителна околност за Милионерите.

Баер водеше со 2-0 до 88-ма минута, затоа и беа во шок што не ги освоија трите бода. Мајнц не се предаваше, и во финишот даде два гола за освојување бод против четвртопласираниот тим на табелата.

Искусниот Сами Кедира се врати во Бундеслигата и со него на терен, Херта изедначи на 1-1 против Штутгарт. Кај Штутгарт го немаше Дарко Чурлинов, нашиот фудбалер има скршен нос и ќе паузира уште некое време. Голот за Херта го даде Лука Нец, кој со 17 години е најмлад стрелец во клупската историја.

- Оглас -

Најнови вести