Борусија веќе нема да му продава играчи на Баерн

Управата на Борусија Дортмунд донела одлука да забрани продажба на нејзини фудбалери во најголемиот германски клуб Баерн Минхен. Во клубот сметаат дека ова е начин да се остане постојан конкурент за титулата и германското првенство да биде интересно како оваа сезона.

Порано, трансфери на играчи од Борусија во Баерн беше честа појава, па затоа и Баварците со години доминираат уништувајќи ја конкуренцијата. Во 2014 година, Баерн бесплатно го зеде Роберт Левандовски од Борусија, а многу други играчи кои се афирмираа во жолто-црниот дрес, потоа одеа во Баерн.

Фановите на Баерн сметаат дека оваа одлука не држи вода бидејќи Борусија ако сакала да остане компетитивна со Баерн, немало да ги продаде Обамејанг во Арсенал, Дембеле во Барселона, Гундоган во Сити или Пулишиќ во Челзи. За Пулишиќ се интересираше и Баерн, но тој е продаден во Челзи и така ќе биде секогаш кога Баварците ќе се интересираат за некој „милионер“.

- Оглас -

Најнови вести