Леванте има мака како гостин, Севилја ќе победи

Нашиот редовен гостин Панче Ќумбев повторно за читателите на Спорт Манија подготви пет предлог-типови за натпреварите во Европа што се играат викендов. Верува во победи на домашните екипи на четири меча и голеада на големото холандско дерби меѓу Феенорд и Ајакс.

 

Севилја – Леванте (сабота, 13 часот)

Севилја полека како да го губи чекорот со врвот, но овде е фаворит. Затоа што на гости им доаѓа Леванте, тимот кој не знае за победа на гостински терен веќе на седум натпревари. Интересно е што на последните шест гостувања на „Санчес Писхуан“ Леванте има само еден пораз, но овојпат ќе загуби. Тип 1.

Предлог тип: 1 (1.57)

 

Борусија Менхенгладбах – Аугсбург (сабота, 15.30 часот)

Овде е јасно кој е фаворит и затоа типувам единица. Борусија е перфектна на свој терен, има 8 победи на 8 натпревари и верувам дека ќе продолжи во тој стил. Ја очекувам деветтата победа по ред на домашниот тим на „Борусија парк“.

Предлог тип: 1 (1.70)

 

Атлетико Мадрид – Хетафе (сабота, 16.15 часот) 

Ако некој тим му одговара на Атлетико како гостин, тоа, секако, е Хетафе. Цели осум години Хетафе во градското дерби на Мадрид не знае ни за бод против Атлетико кога е гостин и затоа мислам дека традицијата ќе продолжи.

Предлог тип: 1 (1.60)

 

Феенорд – Ајакс (недела, 14.30 часот) 

Големото дерби во Холандија секогаш носи возбудлив и пред сè допадлив фудбал. Секогаш паѓаат и доста голови, па затоа и овде ќе се обидам со голови на двете страни и со најмалку три погодоци на натпреварот.

Предлог тип: ГГ3+ (1.62)

 

Болоња – Фрозиноне  (недела, 15 часот) 

Доколку сака да обезбеди опстанок, домаќинот едноставно мора да победи на овој натпревар. Мислам дека Болоња има поквалитетен тим и ќе ги освои бодовите.

Предлог тип: 1 (1.75)

 

- Оглас -

Најнови вести