Босанците добија три од четирите четвртини, а загубија од Германија со двоцифрена разлика

Германија само во една четвртина беше подобра од Босна и Херцеговина, но и тоа им беше доволно на Германците за триумф од 92-82.

Третиот квартал беше кобен за Босанците, па џабе им беше што ги добија другите три периоди.

Муса со 30 и Нуркиќ со 21 поен, постигнаа повеќе од половината поени за БиХ, додека кај Германија најефикасните Шредер и Вагнер имаа по 18 поени, а уште тројца имаа двоцифрен број на поени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести