Сафет Сушиќ ќе биде нов селектор на Босна и Херцеговина, откако синоќа од функцијата беше разрешен Роберт Просинечки.
Поради слабите резултати во квалификацискиот циклус сменета е една голема легенда на светскиот фудбал, а на негово место се враќа уште една голема фудбалска ѕвезда од минатото.
Популарниот Папе има одлични спомени со селекторската позиција кај босанците и тој е единствениот кормилар што успеа да ја одведе БиХ на големо натпреварување.
Популарните „змаеви“ играа на Мундијалот во Бразил во 2014 година, а токму Сушиќ беше селектор на таа репрезентација.
Досега ја предводеше БиХ на 49 меча и има позитивен биланс од 23 победи, 9 нерешени и 17 порази.