Босна и Херцеговина заборави што е тоа победа

Босна и Херцеговина на свој терен ремизираше без голови во пријателски меч против Костарика. Дуелот на стадионот во Зеница беше искористен за домашниот селектор Ивајло Петев да им даде повеќе шанса на оние кои помалку играат, додека стартерите и главните ѕвезди да ја сочуваат свежината за дуелот против Фрација во квалификациите за Светското првенство 2022 година.

Селекцијата на БиХ е во резултатска криза и ова е јубилеен 10-ти натпревар на кој не можат да победат. Во овој период, БиХ има пет порази и пет нерешени меча. Последен пат балканската селекција се радувала на дуелот против Лихтенштајн на гости со 3:0, во рамките од квалификациите за пласман на ЕП 2020. Тој меч се одигра во ноември 2019 година.

Нападот е најголем проблем за БиХ, затоа што во изминатите 10 меча постигнаа само шест гола. Ако се знае дека Франција е следен нивни ривал, тешко дека Босна и Херцеговина ќе успее да се израдува на триумф.

 

- Оглас -

Најнови вести