Бостон е единствен тим во НБА-лигата кој нема пораз дома, Јанис за историја (Видео)

Лидерот во Источната конференција, Бостон селтикс, е единствениот тим во НБА-лигата кој има перфектен скор сезонава на домашен терен. Келтите моментно имаат 14-0, а последната победа е остварена над Орландо меџик од 114:97.

Доколку остварат уште четири победи пред своите гледачи, кошаркарите на Бостон ќе го соборат рекордот кој е поставен во сезоната 1957/58, кога Келтите предводени од Бил Расел имаа 17 победи во низа во славната арена „Бостон гарден“.

 

Најдобар кај Бостон беше Џејлен Браун, кој 17 од своите 31 поен даде во последната четвртина, а добра партија одиграа и Џејсон Тејтум со 23 и Кристапс Порзингис со 15 поени и 10 скока.

Демијан Лилард со 39 поени и 11 асистенции и Јанис Адетокумбо со 26 поени и 17 скока го предводеа Милвоки бакс во победата 128:119 над Хјустон рокитс. Грчкиот кошаркар стана најдобриот скокач во историјата на Милвоки, надминувајќи го Карим Абдул Џабар.

Одличен беше и тандемот на Феникс, Кевин Дурант и Девин Букер, кои заедно дадоа 56 победи и ги предводеа Сонцата во триумфот од 112:108 над Вашингтон.

Резултати: Бостон – Орландо 114:07, Сан Антонио – Њу Орлеанс 110:146, Милвоки – Хјустон 128:119, Феникс – Вашингтон 112:108, Портланд – Голден стејт 114:118

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести