Бостон е на чекор од историја: Само три екипи успеале да стигнат до “мајсторка“ откако губеле со 3-0, но на крајот испаѓале

Екипата на Бостон синоќа ја забележа и третата победа во серија и израмни на 3-3 против Мајами во финалето на Источната конференција.До сега ваков подвиг им успеал само на три екипи, но ниту од нив успеала да го комплетира пресвртот.

Првиот ваков случај е во 1951-вата кога Њујорк никс во финалето успеа да се врати од 3-0 и да израмни на 3-3 против Рочестер ројалс (денешен Сакраменто кингс), но ја загуби мајсторка.

Вториот кам-бек од 3-0 до 3-3 се случи дури 43 години после првиот, односно во 1994-тата година кога Денвер нагетс успеа да израмни, но ја загуби мајсторката од Јута џез.

Последниот случај е во 2003-тата година кога Далас маверикс се врати од 0-3 до 3-3, но загуби на седмиот натпревар од Портланд трејл блејзерс.

Серијата помеѓу Мајами и Бостон е вкупно 151-ва во историјата во која некоја од екипите имала водство од 3-0. Четврти пат ќе се игра мајсторка во ваков случај, но првпат екипата која губела ќе биде домаќин на последниот натпревар.

- Оглас -

Најнови вести