Бостон е ураган на мраз за Каролина (Видео)

Бостон бруинс повторно одиграа одличен меч, втор од финалната серија на Истокот од НХЛ против Каролина хурикејнс и со триумф од 6:2 се доближија до големото финале.

Мет Грзелчик со два гола беше предводник на ураганските напади на домашната екипа, која во два меча им даде дури 11 голови на Каролина.

Тори Круг и Чарли Којл беа расположени за асистенции, имаа по три на вториот дуел, а Бостон ја одбрани предноста на домашен терен и води со 2:0.

Каролина повторно немаше противигра за Бруинс, а во еден период имаа негатива од шест гола. Следните два меча ќе се играат во арената PNC и домаќин ќе биде Каролина.

- Оглас -

Најнови вести