Бостон го стопираше МВП-то Ембид и убедливо славеше над Филаделфија (Видео)

Во првиот меч откако го доби признанието за најкорисен кошаркар во регуларниот дел од сезоната (МВП), Џоел Ембид беше немоќен да ѝ донесе нова радост на Филаделфија 76. На гостувањето кај Бостон, Ембид беше задржан само на 15 поени и три скока, па не е чудно тоа што 76-ките загубија убедливо со 121:87.

Бостон важи за фаворит во борбата против Филаделфија за влез во конференциското финале, но во првиот дуел на домашен терен киксира, па со денешната победа резултатот е израмнет на 1:1.

Уште од самиот старт на средбата, Бостон покажа дека е подготвен да победи, па по првата четвртина водеше со 28:22 и потоа до крајот на средбата во ниту еден момент не му дозволи на противникот да се понадева дека може да го преземе водството.

Пред крајот на третата четвртина, Бостон водеше и со 29 разлика (92:63), па беше јасно дека последните 12 минути ќе бидат само формалност.

 

- Оглас -

Најнови вести