Бостон ја доби битката на второпласираните, Kалгари „меле“ во низа

Битката на второпласираните од Истокот и Западот им припадна на Бостон, Бруинс славеа со убедливи 4-1 во дуелот против Сан Хозе шаркс. На хокеарите на Бостон очигледно им одговара овој противник, бидејќи шести пат во низа остваруваат победа против „ајкулите“, кои во последно време покажуваат турбулентни изданија.

Гостите беа во игра само две минути, со голот на Котур поведоа во првата третина. Набрзо потоа израмни Крејци, а со три брзи погодоци за помалку од три минути во вториот период Бостон ја завери 37-та победа сезонава.

 

Калгари флејмс продолжува да „меле“ во низа, новата жртва ноќеска беше тимот на Њујорк ајлендерс во победата на гости од 3-1. За шести последователен триумф се погрижија Беклунд и Андерсон во завршните 20 минути, откако во претходните два периоди голманите на двете екипи беа во главни улоги.

Актуелниот шампион, тимот на Вашингтон капитолс броеше до седум против Отава, во триумф од 7-2. Вашингтон славеше и во шестата последователна пресметка против „сенаторите“, а 36-тиот триумф стигнаа остварувајќи пресврт.

Гостите поведоа со 2-0 во воведните седум минути од првиот период, но Вилсон и Елер се погрижија за силите да бидат изедначени пред почетокот на втората третина. Потоа следуваше серија од четири гола на домаќините, а Кузнетсов ја запечати победата со почетокот на последниот период.

Резултати НХЛ:

Бостон бруинс – Сан Хозе шаркс 4-1

Каролина хурикејнс  – ЛА кингс 6-1

Колумбус блу џекетс – Питсбург пингвинс 2-5

Њујорк ајлендерес – Калгари флејмс 1-3

Филаделфија флаерс – Бафало сејберс 5-2

Вашингтон капитолс – Отава сенаторс 7-2

Детроит ред вингс – Монтреал канадиенс 1-8

Сент луис блус – Нешвил предаторс 2-0

Винипег џетс – Минесота вајлд 2-3

Аризона којотс – Флорида пантерс 3-3 (3-1 на пенали)

Вегас голден најтс – Далас старс 4-1

- Оглас -

Најнови вести