Бостон мора да ја поднесе жештината, инаку ќе ги пакува куферите

Бостон и Мајами ноќеска (02:30 часот) по петти пат ќе ги одмерат силите во финалната серија од Источната конференција. Мајами е на победа од пласман во големото финале по пауза од шест години, додека пак Селтикс ќе се борат за одржување на шансите во оваа серија.

Младиот тим на Бред Стивенс ќе мора да пронајде начин како да не ја загуби клучната пресметка, а секако за триумф на Келтите ќе им биде потребно издание на високо ниво од лидерите Тејтум, Браун Вокер. Ѕвезди на Бостон се моментално и најефикасни играчи во екипата, па затоа се и меѓу првите во понудата на Sport Life обложувалници за типување на нивната ефикасност. Секако, Келтите ќе мора да се покажат и во останатите статистики, како што се скокови, асистенции, украдени топки, со цел да остварат позитивен резултат.

Подразбирливо, во понудата ги има и играчите на Мајами хит, можете да се обложите на целата петорка која ја предводи Ерикс Сполстра. Во последниот меч блесна младиот Хиро со 37 поени, а доколку пружи уште една врвна партија, лесно ќе ја мине границата од 15,5 поени која носи квота од 1.60.

Секако, можете да се обложите и на вкупен збир на поени на средбата, или пак на класична победа на Бостон со 1.70 коефициент, односно „двојка“ во корист на Мајами со супер квота од 2.40.

- Оглас -

Најнови вести