Бостон не дозволи нова драма, дојде до убедлив триумф во вториот меч од финалето на Истокот (Видео)

Кошаркарите на Бостон селтикс поведоа со 2-0 во победи против Индијана пејсерс во финалето на Источната конференција, откако славеа со 126:110.

За разлика од првиот натпревар во кој Индијана пропушти победа и му дозволи на Бостон по продолженијата дојде до триумфот, овој пат во „ТиДи гарден“ немаше неизвесност.

 

Индијана бепе подобра само во првата четвртина која ја доби со 25:27, а за победникот беа клучни втората и третата четвртина кои Бостон ги доби со 32:24, односно со 36:29.

Одлична партија одигра Џејлен Браун кој постигна 40 поени, Џејсон Тејтум даде 23, додека кај Индијана најдобар беше Паскал Сиакам со 28 поени.
Серијата сега се сели во Индијанаполис каде ќе се играат следните два меча.

- Оглас -

Најнови вести