Бостон падна пред дуото Харден-Вестбрук, и Клиперси потфрлија во Филаделфија (видео)

Џејмс Харден и Расел Вестбрук доминираа во дербито меѓу Хјустон и Бостон кое Ракетите го добија со 116:105. Разиграните бекови на тексашката екипа комбинираа 78 поени (Харден 42, Вестбрук 36) и се погрижија за Хјустон да ја запише 34-тата овосезонска победа.

Домаќините ја презедедоа иницијативата во воведните минути од средбата иако Селтикс успеваа да ја држат неизвесноста во првиот дел. Две клучни серии од 6-0 во третата и 10-0 во четвртата четвртина беа знак дека Ракетите ќе го добијат дербито.

Харден покрај 42 поени, запиша и 8 скока и 7 асистенции, додека Расел заврши со двоен учинок со 10 скока покрај 36-те поени кои ги реализира. Од редовите на Бостон најефикасен беше Хејвард со 20 поени.

https://www.youtube.com/watch?v=ZGcgdxYaQz8

Филаделфија го одржа најдобриот учинок на домашен терен остварувајќи ја 25-тата победа во 27 меча пред домашна публика, а во „Велс Фарго центарот“ паднаа и големите Клиперси со 110:103. Само две екипи сезонава успеаја да се радуваат на теренот на Сиксерс, тоа се Мајами и Далас, додека против Клиперс запишаа двојна победа откако ги победија и на 2 јануари, и тоа во Лос Анџелес.

Иако Кавај Ленард се истакна како најефикасен играч на средбата со 30 поени и 9 асистенции, немаше многу помош од Пол Џорџ, кој реализира само 11 поени. На средбата блескаше Бен Симонс со трипл-дабл од 26 поени, 12 скока и 10 асистенции, а одличен беше и Ембид со 26 поени и 9 скока.

https://www.youtube.com/watch?v=RJwE3yCx9Nc

Останати резултати:

Вашингтон 126:114 Чикаго, Њу Орлеанс 138:117 Портланд, Оклахома 106:114 Сан Антонио.

- Оглас -

Најнови вести