Бостон селтикс не знае за пораз на домашен терен (Видео)

Кошаркарите на Бостон селтикс ја продолжуваат победничката серија на домашен терен, тие во својот „ТиДи гарден“ со 145:113 го победија Хјустон рокетс и ја остварија 19-та победа во 19-тиот натпревар.

Бостон е единствен тим во НБА кој  сезонава има перфектен учинок на домашен терен. Џејлен Браун со 32 поени беше најпрецизен кај Бостон, Џејсон Тејтум даде 27 поени, а Кристапс Порзингис мечот го заврши 17 поени.

Никола Вучевиќ со 24 поени и 16 скока го предводеше Чикаго булс во победата од 122:116 над Сан Антонио спарс за кого не настапи првиот избор од драфтот, Виктор Вембањама.

Кошаркарите на Јута џез пред своите гледачи го совладаа тимот на ЛА Лејкерс со 132:125 и ја оствари петтата победа по ред. За Лејкерси пак, ова е втор пораз во низа, а работата на Јута и беше олеснета поради неиграњето на Леброн Џејмс кој на три часа пред почетокот на мечот заедно со лекарскиот тим на ЛА Лејкерс одлучија да не настапи поради повредата на глуждот на ногата.

Најдобар кај Јута беше Лаури Марканен со 29 поени, додека во редовите на Лејкерси улогата на прв реализатор ја презеде Деанџело Расел кој постигна 39 поени. Со двата порази во последните два меча, ЛА Лејкерс падна на 11-то место во Западната конференција со учинок од 19 победи и 21 пораз.

Далас маверикс без Лука Дончиќ не претставуваше тежок предизвик за Њу Орлеанс пеликанс кој победи со 118:108.

Резултати: Бостон – Хјустон 145:113, Атланта – Вашингтон 99:127, Мемфис – Њујок 94:106, Милвоки – Голден стејт 129:118, Оклахома сити – Орландо 112:100, Далас – Њу Орлеанс 108:118, Сан Антонио – Чикаго 116:122, Јута – ЛА Лејкерс 132:125.

 

- Оглас -

Најнови вести