9.8 C
Skopje
среда, 4 февруари 2026

Ботас најбрз во квалификациите за спринт-трката во Италија, но главната трка ќе ја почне од последното место

Валтери Ботас утре ќе стартува од првото место на спринт-трката на патеката во Монца во пресрет на италијанското Гран при, откако оствари најбрзо време на денешните квалификации. Зад него ќе биде колегата од Мерцедес, актуелниот светски првак Луис Хамилтон, додека од третото место ќе тргне моменталниот лидер Макс Ферстапен.

Ботас оствари време од 1:19.55 и беше за 86 стотинки побрз од првиот возач на Мерцедес, но без разлика на резултатот кој ќе го оствари утре, Финецот ќе ја почне трката од последното место во недела, поради што доби казна за промена на четвртата турбина, додека според правилата може да менува по три во текот на сезоната.

https://twitter.com/F1/status/1436381843226570755

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести