Божиќна песна може да стане навивачки хит (Видео)

На бундеслигашкиот натпревар помеѓу Хофенхајм и Мајнц кој се одигра завчера, гостинските навивачи имаа свое шоу на трибините пеејќи ја песната „Last christmas“ („Минатиот Божиќ“), проследено со кореографија со блицовите на мобилните телефони. Оваа песна пред 34 години ја напиша, а повремено и ја пееше Џорџ Мајкл, а на играњето на два дена пред еден од најголемите христијански празници, германските фанови одлучија да ја пеат таа песна.

Кога по социјалните мрежи се рашири снимката од атмосферата, во најава е дека тој чекор ќе го следат и други навивачки групи, па песната ќе биде вистински навивачки хит низ цела Европа во наредниот период.

Погледнете како се пееше на стадионот на Хофенхајм:

https://www.youtube.com/watch?v=eLLpsoC2I7M

- Оглас -

Најнови вести