Божиќно чудо: За да биде во родниот Бразил, Маикон го исполни неверојатното барање на Мурињо (Видео)

Многумина веруваат дека Божиќните празници се период кога се случуваат чуда. Едно фудбалско чудо поврзано со Божиќ се случи пред 13 години во Интер.

Во август 2008 година, Жозе Мурињо пристигна да биде тренер во Интер. Португалецот за неколку месеци се запозна со сите фудбалери и нивните навики и желби.

Бразилецот Маикон имал тактика пред Божиќ да добие пет жолти картони, по што во Италија следува еден меч суспензија. Мурињо решил да му посочи на Бразилецот дека таа година нема да има шанса да замине дома во Бразил за Нова година.

Маикон не изгубил надеж и го прашал тренерот. „Дали ќе ме пуштиш да одам во Бразил, доколку дадам гол на дуелот против Сиена“. На тоа одоговорот на Мурињо бил дека Маикон ќе добие слободни денови само ако постигне два погодоци на гостувањето кај Сиена, на меч кој се играше на 20 декември, последен пред Божиќ.

Иако беше неверојатно десниот бек да даде два гола, Маикон не изгубил надеж. Бразилецот во првото полувреме погоди за 1:0 за Интер, а потоа Сиена израмни на 1:1. Во второто полувреме се комплетираше чудото. Маикон по втор пат ја затресе мрежата на Сиена, а потоа и го соблече дресот да прослави.

Жозе Мурињо прв трчаше да се радува со Маикон, кој за соблекување на дресот автоматски доби жолт картон (петти во низа), што значеше и суспензија од еден меч.

На крајот, Мурињо не само што му дозволил на Маикон да замине во Бразил за Божиќ, туку фудбалерот добил и дополнителна една недела одмор затоа што благодарение на неговите два гола против Сиена, Интер победи на тој меч.

Едноставно чудото кое Мурињо мислеше дека нема шанси да се случи, Маикон го исполни и доби дозвола за Божиќ да биде со своите најблиски во родната земја.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести