Божјата рака, втор дел – Во изведба на Меси (видео)

Божјата рака на Диего Марадона е една од најкотроверзните ситуации во историјата на фудбалот. Од таа случка поминаа 34 години, но се преслика на денешен ден во 2007 година, а ја изведе токму неговиот наследник, Лионел Меси.

Сегашниот капитен на Барселона точно пред 13 години заби гол со рака во градското дерби против Еспањол, кое заврши со реми од 2-2 на „Камп ноу“. Меси погоди пред финишот на првиот дел за израмнување на 1-1 откако топката која беше во лет Аргентинецот стигна да ја удри со раката во обид да ја пренасочи со глава кон голот.

Иако гостите неколку минути се расправаа со арбитрите да докажат дека голот не е регуларен, тој не се поништи и играта продолжи.

- Оглас -

Најнови вести