Брага има пракса да го победува Пенафиел без примен гол

Волунтари – Чиндија (романска Прва лига, 17 часот)

Волунтари волонтира во последно време во романската Прва лига и нанижа шест порази по ред. Ја победија Стеауа, или ФЦСБ како што се вика сега најтрофејниот романски клуб, и потоа застанаа.

На „Анхел Јорданеску“ денеска домаќините немаат избор и мора да одат на победа за да фатат приклучок со екипите што бијат битка за опстанок.

Како што тргнало, Волунтари речиси сигурно ќе игра во плејаутот, а бодовите се пренесуваат по одредена шема, што значи дека мора да го подобрат бодовното салдо ако сакаат да не тргнат во доигрувањето за опстанок од последната позиција.

Новиот прволигаш Чиндија од Трговиште влезе во ритам и се наоѓа во серија од 3 меча без пораз, односно има реми и две победи.

Во 2018 година овие две екипи го играа финалето за едно место во Првата романска лига и Волунтари успеа по голема драма во двомечот, по пенали да биде прволигаш.

Ова ќе биде и дуел на две фудбалски легенди, сега тренери на Волунтари и на Чиндија. На клупата на домаќините е некогашниот играч на Лацио, Кристијано Бергоди, а Чиндија ја предводи Виорел Молдован.

Член на Волунтари е македонскиот фудбалер Марко Симоновски, па од него очекуваме гол(ови), а и Чиндија има солиден напад, па ќе одиграме Гол-Гол.

Предлог тип: ГГ (1.82)

 

Астра – Херманштат (романска Прва Лига, 19.30 часот)

Астра е фаворит против Германците од Сибиу. Херманштат има интересна приказна и егзотично име, што го симболизира градот Сибиу, но како што се нарекува на германски јазик.

Клубот е формиран пред четири години и веќе игра во Првата романска лига. Нивна главна цел е да се избори опстанок и да се стабилизира клубот.

Астра има поинакви амбиции и сака европски настап, но мора да игра подобро од тоа што го прикажува во досегашниот дел од шампионатот.

Главна ѕвезда им е репрезентативецот на Романија, Кристијан Будеску, а ги има уште неколку, што сегашни, што и поранешни членови на националниот тим. И Алибек има настапи за Романија, а најдобриот стрелец на тимот, Валентин Георге играше за младинската репрезентација и е голема фудбалска надеж. Домаќините имаат подобар тим и се фаворити за победа.

Предлог тип: 1Х&ГГ (2.50) Квота на денот на Sport Life

 

Оснабрик – Арминија Билефелд (германска Втора Лига, 20.30 часот)

Од 2011 година двете екипи не играле меѓу себе во популарната Цвајта, како што се нарекува Втората германска лига. Арминија тргна одлично во новата сезона, а амбициите се да се бие битка за пласман во Бундеслигата. Штутгарт минатиот викенд им го нанесе првиот пораз на Сините, но тие се опасни гости сезонава и имаат биланс од три победи и реми во Лигата.

Тренерот Уве Нојхаус инсистира да се игра офанзивно, што ѝ носи резултат на Арминија. Оснабрик игра многу поцврсто, а билансот им е поскромен и имаат пет бода помалку од Арминија по осум одиграни натпревари.

Гостите се фаворити, а ние ќе типуваме дека барем едно од двете полувремиња ќе заврши нерешено.

Предлог тип: Х Било кога (1.90) Квота на денот на Sport Life

 

Болтон – Блекпул (Англија, Лига 1, 21 часот)

Болтон некако скрпи тим за настап во Лига еден во Англија по големите финансиски проблеми и спасот во последен час. Тешко дека ќе успеат да се спасат од испаѓање со минус од 12 бодови, колку што беа казнети пред стартот на шампионатот.

Стопија само три бода по девет настапи, сè уште немаат победа и се во многу тешка ситуација. Во моментов имаат дури 18 бодови помалку од Транмере, екипа која е прва над зоната за испаѓање.

Блекпул има солиден состав и добар старт на првенството, а ударна игла им е тандемот Сканел и Гнандулие од Брегот на Слоновата Коска. Тука фаворитот е јасен и ќе типуваме двојка.

Предлог тип: 2 (1.80)

 

Пенафиел – Брага (португалски Лига куп, 21.15 часот)

Лига купот на Португалија е тежок за играње бидејќи во првата фаза од четири екипи во групата, само една ќе мине понатаму.

Последното издание на завршниот турнир за трофејот го организираше токму Брага, но ги разочара Спортинг со победа по драматична серија од 14 пенали.

Сега амбициите на Брага повторно се големи и Пенафиел, кој е второлигаш, не би требало да биде посериозна пречка за прволигашот.

Во групата се уште и Маритимо и Пасош Фереира, кои се прволигашки екипи, па Брага нема простор за кикс и ќе мора да игра офанзивно и на победа од самиот старт.

На последните пет меѓусебни дуели, играчите на Пенафиел само еднаш ја затресоа мрежата на Брага, па ќе типуваме дека гостите ќе победат без примен гол.

Предлог тип: 2 Сигурна победа (2.70) Квота на денот на Sport Life

 

 

- Оглас -

Најнови вести