Брахим може да биде идната ѕвезда на шпанскиот фудбал (Видео)

Брахим Абделкадер Дијас може да биде новата ѕвезда на шпанската репрезентација, смета неговиот сонародник и клупски колега, Давид Силва. Брахим го привлече вниманието на светската јавност со синоќешните два гола за Манчестер сити во дуелот со Фулам од ФА купот. Тоа негови први голови на официјален меч како сениор.

„Секогаш сум си замислувал како би било да се скандира моето име од трибините после постигнат гол. Сега успеав и тоа двапати. Како да не е реално ова што се случува. Ви благодарам за честитките, одиме во следната рунда“ – напиша 19-годишниот Шпанец на Твитер.

„Тој е иднината на црвената фурија. Ти честитам момче“ – порача Силва.

Брахим е роден во Малага пред 19 години, а веќе три години е во Сити, откако мина три години во кадетските категории на Малага. Беше репрезентативец на Шпанија за играчи до 17, 19, сега и до 21 година.

- Оглас -

Најнови вести