Брајтон ќе бара богатство за своите фудбалери

Англискиот премиерлигаш Брајтон нема намера да ги продаде играчите за кои постои голем интерес, Мојсес Каиседо и Алексис Мекалистер, за помалку од 70 милиони фунти.

Брајтон игра фантастично сезонава, постојат шанси дури и да дојде до четвртото место на табелата и со одличните игри поголем дел од фудбалерите се најдоа на радарот на гигантите.

Брајтон во јануари одби понуда од Арсенал од 60-тина милиони фунти за Каиседо, а во летниот преоден рок се очекува тоа да го стори и за Мекалистер, пишува „Скај“.
Челниците на тимот се подготвени да ги продадат Каиседо или Мекалистер само доколку понудата биде поголема од 70 милиони фунти.

Каиседо пред два месеца потпиша нов четиригодишен договор со Брајтон, додека Мекалистер во октомври минатата година потпиша договор до 2025 година.

Голем интерес за Каиседо пројавуваат Арсенал, Манчестер јунајтед, Челзи, како и Ливерпул, кој е фаворит за потписот со МекАлистер.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести