Брајтон постави нестварен рекорд во мечот на кој прими гол откако заврши средбата!

Брајтон загуби со 2:3 од Манчестер јунајтед во мечот кој ја имаше најдраматичната завршница во историјата на Премиер лигата. За прв пат во англиското првенство се случи да биде постигнат гол откако судијата најпрво означил крај на средбата.

Манчестер јунајтед водеше со 2:1 до 94 минута, кога Брајтон израмни на 2:2 буквално во последниот напад на домаќините. Гостите не се предадоа и на неверојатен начин стигнаа до победа. Судијата отсври крај, а потоа по реакција на играчите на Манчестер јунајтед и консултација со ВАР системот реши да досуди пенал за Црвените ѓаволи. Играчите се вратија на терен, а Бруно Фернандеш погоди од пенал за 3:2. Целата ситуација од финишот може да ја видите ТУКА.

Брајтон го загуби мечот на кој, според прикажаното требаше да освои барем еден бод. За тоа колку домаќините немаа среќа покажува и неверојатниот рекорд кој го постигнаа фудбалерите на Брајтон. За прв пат откако се води статистика за бројот на погодени удари во гредата или стативите, Брајтон постави рекорд со пет удари во рамките од голот на Давид де Хеа.

Досега рекордот беше еден тим четири пати да погодува во гредата или стативите, но никогаш тоа не се случило пет пати за еден меч на еден тим.

 

- Оглас -

Најнови вести