Брајтон повеќе не е машина за голови, втор меч по ред е на „нула“ во Премиер лигата

Екипата на Брајтон под водство на менаџерот Роберто де Ѕерби стана машина за голови во Премиер лигата, но во последните мечеви затаи кога станува збор за реализацијата.

По 61 натпревар по ред на кој на мечевите на Брајтон имаше барем еден гол, последните два дуела во Премиер лигата на тимот предводен од Де Ѕерби завршија со најнепопуларниот резултат.

Минатата недела 0:0 беше на дуелот против Вест хем, а вечерва пред своите гледачи Брајтон одигра без голови и против Вулверхемптон. На Брајтон не му помогна ниту големиот посед на топката, дури 70 отсто од мечот топката беше во нозете на домашните фудбалери, креираа неколку одлични шанси, но на крајот не успеаја да постигнат гол.

По новото реми, Брајтон се наоѓа на седмото место на табелата во Премиер лигата со 32 бода и во следното коло му гостува на Лутон, додека Вулверхамптон е 11-ти со 29 освоени бода.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести