Браќата Бабунски ја бодрат Македонија во салата во Дебрецин! (Фото)

Македонските ракометари од трибините на „Феникс арената“ во Дебрецин имаат поддршка од двајца фудбалери на клубот Дебрецин, Македонците Давид и Дориан Бабунски.

Браќата Бабунски само што станаа нови тимски колеги, откако Дориан си замина од бугарски Ботев Враца, и прејде во унгарски Дебрецин.

Поради тоа што беше во изолација, Давид не можеше да дојде во сала на првите два меча, но сега откако му помина карантинот, одвај чекаше да биде со своите сонародници, и со помалиот брат кој е нов во Дебрецин.

Кога беа забележани, Дориан и Давид беа „нападнати“ од фанови кои сакаа да се фотографираат со нив.

- Оглас -

Најнови вести