Братот на Фетел ќе се трка во автомобил на Мерцедес

Германскиот автомобилист Фабијан Фетел, кој е помлад брат на ѕвездата на Формула 1 Себастијан Фетел од Ферари, тргнува по стапките на неговиот брат и ќе се трка во серијата АДАК ГТ Мастерс, и тоа во автомобил со мотор од Мерцедес. Младиот Фабијан, кој има 20 години, не гледа проблем во тоа што ќе се тргна во „дресот“ на тимот кој е најголем ривал за Ф1 титулата на брат му.

Автомобилот со кој ќе се натпреварува Фабијан ќе биде во жолта боја. Тој со тркање почна преклани, а во претходните две години возеше за Ламборџини. Сега оди во повисок ранг на натпреварување.

„Ова е серија во која треба да се докажеш ако сакаш да бидеш успешен во автомобилскиот спорт. Некако Мерцедес цел живот бил ривал на брат ми, тој секогаш се тркаше против нив. Затоа кога добив понуда, прво ми беше смешно. Мерцедес е успешен во тоа што го прави, немам проблем. Во Формула 1 брат ми со Ферари ќе се бори против Мерцедес, а јас во ГТ Мастерс ќе возам за Мерцедес“, вели Фабијан Фетел, кој има само 20 години.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести