Братот на Немања Видиќ пронајден мртов

Тажна и шокантна вест дојде вечерва од Србија. Според „Телеграф“, братот на поранешниот српски репрезентативец Немања Видиќ е пронајден мртов. Поранешниот капитен на српската репрезентација сè уште не дал јавна изјава во врска со оваа семејна трагедија.

Немања Видиќ, поранешен фудбалер на Црвена ѕвезда, Манчестер јунајтед, Интер и Спартак ретко зборувал за својот приватен живот во текот на својата кариера и секогаш ги држел членовите на своето семејство подалеку од очите на јавноста и вниманието на медиумите, па затоа неговиот брат речиси никогаш не се појавувал во јавноста.

Сепак, според достапните информации, Душан и Немања тренирале заедно како деца во локалниот клуб Јединство Ужице. Подоцна тој се откажал од фудбалската кариера.

Во моментов нема повеќе официјални информации за околностите на овој трагичен настан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести