Братски и во испаѓањето: Заедно паднавме, заедно ќе се вратиме

За првпат во самостојна Македонија, Вардар ќе мора да игра во Втора лига. Ова стана јасно откако во претпоследното коло најтрофејниот тим загуби на гости кај Струга и со тоа ги загуби и теоретските шанси да се спаси од испаѓање.

Навивачите на Вардар веќе со години се збратимени со фановите на германскиот гигант Шалке 04. Популарните Комити и фановите од групата УГЕ сега си даваат поддршка во тешките моменти за двата тима затоа што и Шалке 04 испадна од Бундеслигата.

Пораката за Вардар од Гелзенкирхен е јасна и вели: Заедно паднавме, заедно повторно ќе се кренеме. Ајде напред Шалке и Вардар!

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести