Братското дерби во Унгарија го доби помладиот Бабунски, Доријан погоди во победата на Дебрицен

Доријан Бабунски и Дебрецин се победници во братското дерби во првенството на Унгарија против постариот брат Давид и неговиот клуб Мезоковешд.

Дебрецин го доби дуелот со 3-1, а Доријан постигна и погодок во 92-рата минута, откако влезе од клупата за резерви во 78-мата минута.

На спротивната страна, во екипата на Мезоковешд, Давид Бабунски беше заменет во 75-тата минута.

- Оглас -

Најнови вести