Брацо е опасен оперативец, скрои топ трансфер за европскиот првак

Спортскиот директор на Баерн Минхен, Хасан Салихамиџиќ, потврди дека започнал преговори околу ангажманот на Дајо Упамекано, младиот стопер на Лајпциг.

Младиот француски репрезентативец е меѓу најбараните фудбалери во моментов во Европа, неговиот талент го препознаа гигантите од Премиер лигата, меѓутоа се чини дека Баварците ќе ја добијат трката.

„Секако дека размислуваме да го купиме Упамекано. Вчера имавме позитивен состанок со неговите агенти и наскоро ќе добиеме одговор“, посочи популарниот Брацо.

Упамекано има 22 години и важечки договор со Лајпциг до јуни 2023 година, неговата вредност на фудбалскиот пазар е 60 милиони евра, а допрва ќе се види колкава сума ќе издвои Баерн за да го добие неговиот потпис.

- Оглас -

Најнови вести