Братство и единство во Зеница, топол прием од Босанците за браќата Црногорци (Фото)

Кога играа селекциите на Црна Гора и Босна и Херцеговина во Подгорица, гостите беа пречекани со симпатично скандирање „Бурек со сирење“, на што беше одговорено со „Да даде Господ да ви се јават од биро за вработување“, па сега и Босанците во Зеница сакаа да возвратат со гостопримство на нивните соседи.

За црногорските фанови обезбеден беше бесплатен паркинг, а црногорските навивачи кои ќе ги има околу 500 на број, сончевото време го искористија и за дружба со домашните фанови, па паднаа и заеднички фотографии.

- Оглас -

Најнови вести