Браво мајсторе – Честитки за Елмас од Пандев, Барди, Ангеловски….

Елиф Елмас е нов член на Наполи, а трансферот во редовите на италијанскиот шампион е значаен за нашиот фудбал, па честитки за 19-годишниот репрезентативец стигнаа од сите страни.

Горан Пандев со објава на „Инстаграм“ му честита на Елмас за историскиот потпис на петгодишен договор за Наполи, клуб за којшто играше и самиот Пандев.

„Среќно мајсторе“, напиша Пандев со објава на заедничка фотографија со Елмас во дрес со националните обележја. Елмас сега е рекордер според висината на трансферот тежок вкупно околу 18-19 милиони евра, а го претрка на врвот токму Пандев.

И Енис Барди не заборави да му честита на Елмас за моментот што засега е врв во кариерата на 19-годишното момче од Скопје.

„Со среќа брат“, објави во својата приказна на „Инстаграм“ Барди, повторно со заедничка фотографија со Елмас, по стапките на капитенот Пандев.

И селекторот Игор Ангеловски се јави со порака за Елиф. Среќно во Наполи. Ти благодарам што нè направи да бидеме горди, но не смееш тука да застанеш“, напиша популарниот Мрме на „Фејсбук“.

Елмас од Фенербахче се пресели во Неапол и ќе биде едно од големите летни засилувања на екипата што лани беше втора во Серија А, зад шампионот Јувентус.

- Оглас -

Најнови вести