Браво момчиња, Македонија е деветта ракометна светска сила, совладана и Чешка

Македонската репрезентација за ракометари до 19 години, го освои деветтото место на Светското првенство во Хрватска. Во дуелот за деветта позиција, избраниците на Раде Стојановиќ ја совладаа Чешка со 28-22.

Несреќниот пораз во првото коло против Норвешка е главна причина што Македонија не играше четвртфинале, можеби и ќе бевме во битка и за медал. Во разигрувањето за 9-16 место, се виде дека сме посилни од сите. Сепак, да се биде деветти на светот е успех, и покажува дека оваа генерација во иднина ќе има што да понуди.

Вечерва против Чесите, најрасположени во македонскиот тим беа Кајалџиески со 12 и Димевски со 8 голови.

 

- Оглас -

Најнови вести