БРАВО: Олимписките игра полека стануваат реалност, Дарио Ивановски повторно го собори македонскиот рекорд во маратон

Најдобриот македонски маратонец, Дарио Ивановски продолжува со одличните настапи на светските маратони и денеска повторно го собори националниот рекорд.

На денешниот маратон во Севиља, Ивановски патеката од 42 километри и 195 метри ја истрча за два часа, осум минути и шест секунди и го подобри националниот рекорд за речиси три минути, кој исто така беше во негова сопственост.

Ова време му донесе 1.186 бодови и му обезбеди настап на Европското првенство кои во јуни годинава ќе се одржи во Рим, Италија, со што и настапот на Олимписките игри во Париз, полека станува реалност.

„Дарио Ивановски, АК Скопски Маратон, Македонија.
Zurich Seville Marathon 2024
18.02.2024 година.
02.08.26 !!!!!!!!!!!!
Нов национален рекорд за Дарио и Македонија. Резултат вреден рекордни 1186 бодови !!!
Највреден резултат во историјата на македонската атлетика по бодовната таблица на WORLD ATHLETICS. Водечки маратонски резултат на сите времиња од ЕКС ЈУ државите.
Убедливо најдобар сезонски резултат во македонската атлетика во олимписката 2024 година. Потврден и целосно оправдан статус олимписки стипендист на МОК за ЛОИ 2024. Норма за настап на европското првенство во Рим во јуни 2024 година (норма 02.11.00). ЛОИ 2024 Париз е веќе наша реалност со сигурен настап“, напиша Ивановски на својот Фејсбук профил.

- Оглас -

Најнови вести