ТФТ Скопје продолжува до одличните игри и во домашното првенство, откако во драматичен меч го совлада МЗТ Скопје Аеродром со 93:91, во меч од второто коло во Суперлигата. Ова беше вистинско дерби. Двете екипи се менуваа во водство, имаше пресврти, а на крајот побединикот беше решен буквално во последната секунда, а се радуваа домаќините. Со овој триумф ТФТ се зацврсти на првото место на табелата, додека МЗТ останува втор.
На почетокот на средбата двете екипи се менуваа во водство, а откако ТФТ имаше 11:10, следуваше серија од 11:0 на гостите и МЗТ поведе со 21:11. Во втората четвртина домаќините се вратија во игра. Прво израмнија на 33:33, а до крајот на полувремето стигнаа и до водство од 43:41.

ТФТ одлично ја почна третата четвртина кога стигна и до предност од 48:41, гостите брзо возвратија, па го преземаа водството со 55:53. Домаќините водеа со 58:57, а МЗТ слично како во првата четвртина, со серија од 11:0 стигна до двоцифрено водство од 68:58, за да на почетокот на последните 10 минути аеродромци водеа со највисоки 16 разлика (77:61).
Тоа како да беше знак играчите на ТФТ да се „разбудат“ и со неверојатна низа од 22:2, поведоа со 83:79 на четири минути до крајот. Во финишот беше вистинска драма. ТФТ водеше со 90:87, кога Марин Петков погоди тројка за израмнуваше на осум секунди до крајот.
Сепак, тоа не беше крајот. ТФТ го имаше последниот напад, а договорноста ја презема репрезентативецот Виктор Ташевски кој погоди тројка во последната секунд за 93:90. До крајот, гостите дадоа само уште едно слободно фрлање по техничката грешка на клупата на ТФТ по радоста за тројката која им донесе победа.

