Бравурата на Санчо ја засени неверојатната утка на Еланга (видео)

Манчестер јунајтед води со 1-0 против Ливерпул во големото дерби благодарение на мајсторскиот потег на Џејдон Санчо во 16-тата минута. Англиското крило прими топка во противничкиот шеснаесетник, па со два лажни дриблинзи ја насамари одбраната на Ливерпул и погоди ефектно.

Асистент му беше Еланга, кој пак околу пет минути претходно имаше неверојатно промашување. Младиот шведски офанзивец доби топка од Бруно на работ од шеснаесетникот при опасен контранапад, но ударот од прва на Еланга заврши во дирекот, иако Алисон не беше во добра позиција и остави голем дел од голот празен.

- Оглас -

Најнови вести