Бразил ги исфрли Русија и Србија

Репрезентацијата на Бразил стигна до историски пласман на светските ракометни првенства. Во последното, петто коло, „кариоките“ лесно славеа против Кореја со 35:26 и со шест бодови завршуваат на третото место во групата А, зад големите фаворити Франција и Германија.

Интересно е што Бразил во првите две кола претрпе два порази од Франција и Германија, но потоа нанижа три победи. Јужноамериканскиот состав успеа да слави против Србија, Русија и сега против Кореја и за прв пат во историјата обезбеди место меѓу најдобрите 12 селекции во светот.

Резултати: Чиле – Саудиска Арабија 32:27, Бахреин – Јапонија 23:22, Бразил – Кореја 35:26, Египет – Ангола 33:28.

Вечерва се играат уште осум меча, а најинтересен, секако, ќе биде дуелот меѓу Шпанија и Хрватска, кој решава за првото место во групата Б, каде што е и Македонија.

 

 

- Оглас -

Најнови вести