Бразил има нов голем талент, Милан е прв на листата да го добие

Младиот бразилски фудбалер Бруно Фукс е новата надеж на светскиот фудбал. Фукс има 21 година и игра на стоперската позиција, а за него интерес покажаа повеќе европски клубови.

Фукс е стандарден член на младинската репрезентација на Бразил, а летово требаше да биде дел и од селекцијата на Кариоките на Олимписките игри во Токио кои беа одложени поради корона-вирусот. Милан е клубот кој засега покажа најголем интерес за талентираниот играч кој е член на Интернасионал.

Бразилскиот тим бара 15 милиони евра за евентуален трансфер на Фукс, а Милан не е единствен заинтересиран. Арсенал, Манчестер сити и Ајакс се само дел од екипите кои покажале интерес за Фукс, но засега нема конкретна понуда за евентуална преселба на бразилкиот дефанзивец во Европа.

- Оглас -

Најнови вести