Бразил има нова фудбалска ѕвезда

Со 10 победи и едно реми од 11 одиграни меча, Бразил само формално треба да го обезбеди местото на завршницата на Светското првенство во Катар. Кариоките утрово немаа проблеми и убедливо со 4:1 го победија Уругвај во меч на кој блесна една нова ѕвезда.

Напаѓачот на Лидс, Рафиња, за првпат доби повик за националниот тим и на одличен начин го искористи. Бразил играше три меча. Против Венецуела влезе на почетокот на второто полувреме, откако Венецуела имаше предност од 1:0 во првиот дел. Со влегувањето на Рафиња, играта на Бразил стана многу поопасна и тоа резултираше со три погодоци. Напаѓачот на Лидс беше асистент на два погодоци.

Против Колумбија, Рафиња ги одигра последните 30 минути во дуелот на којшто немаше погодоци, а најдобрата средба напаѓачот ја одигра токму утрово против Уругвај. Рафиња беше стрелец на два од четирите погодоци, па првиот повик за репрезентацијата на Бразил го комплетираше со два погодци и две асистенции во три меча, на кои одигра вкупно 145 минути, односно малку повеќе од половина на можните 270 минути.

 

- Оглас -

Најнови вести