Реал во последна секунда испушти победа, Барса на Ел Класико може да влезе како нов првак

Реал Мадрид одигра 1-1 на гостувањето кај Бетис и сега е на осум бодови зад Барселона која има и меч помалку, и сега реално постои можност Каталонците да ја имаат обезбедено титулата уште пред дуелот со Реал на 10-ти мај на „Камп Ноу“.

Винисиус му донесе водство на Реал на гостувањето во Севилја, но во третата минута од судиското продолжение, во последниот напад на Бетис, Ектор Белјерин даде малку и среќен гол за реми во една хаотична ситуација во 16-никот на мадриѓаните.

Така за Реал Мадрид продолжи малерот на гостувањата кај Бетис, не го победиле Бетис на негов терен уште од 2021 година. Реал крена раце од титулата, има само една победа во последните шест кола.

- Оглас -

Најнови вести