Бразил јa победи Швајцарија и на Србија ѝ даде чиста шанса за влез во осминафинале

Бразил славеше во дуелот против Швајцарија со 1:0 и на тој начин петкратниот светски првак си обезбеди место во нокаут-фазата од Светското првенство во Катар. Кариоките беа подобар тим во поголем дел од мечот и доминацијата на крајот ја крунисаа со победнички гол на Касемиро, постигнат во 83-тата минута.

По асистенција на Родриго, Касемиро упати неодбранлив удар за капитулација на швајцарскиот голман.

Освен овој гол, Бразил погоди и преку Винисиумс Јуниор во 64-тата минута, но тој погодок беше поништен поради офсајд.

Швајцарците на овој меч беа ориентирани да освојат бод, па не упатија ниту еден прецизен удар кон противничкиот гол.

По две кола во оваа група, Бразил има шест бода, Швајцарија остана на три, а по еден бод имаат Србија и Камерун. Во последното коло играат Србија против Швајцарија и Србите со евентуален триумф ќе го обезбедат второто место во групата.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести