Бразил не се откажува од Анчелоти, Родригес ќе дојде во Европа за да го убедува

Репрезентацијата на Бразил сè уште нема назначено селектор откако Тите си замина од селекторската позиција по елиминацијата на Светското првенство во Катар. Во моментов таа функција ја извршува селекторот на селекцијата за фудбалери до 20 години, Рамон Менезес.

Бразил по Светското првенство одигра само еден пријателски натпревар, на кој беше поразен со 2-1 од Мароко. Месецов следуваат нови два дуела против африкански ривали, а дуелите ќе се одиграат во Европа.

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Бразил, Едналдо Родригес, планира престојот во Европа да го искористи и повторно да седне на преговарачка маса со Карло Анчелоти и да се обиде да го убеди да прифати да биде селектор на Бразил.

Италијанецот веќе неколкупати изјави дека нема намера да си замине од Реал, но челниците на бразилскиот фудбал се упорни и се обидуваат по секоја цена да го ангажираат.

- Оглас -

Најнови вести