Бразил си ја заврши работата, сега чека пораз на Хрватска и Шпанија да не загуби

Исланд е последната европска селекција која ја почувствува силата на бразилската ракометна репрезентација на Светското првенство во Германија и Данска. Јужноамериканскиот тим славеше со 32:29 во последното коло од главната групна фаза на Мундијалот.

Со четири бода, Бразил сега е на четвртото место во групата и треба да чека пораз на Хрватска во дуелот против Франција за да разигрува за седмото место на турнирот, кое дава шанси за пласман на Летните олимписки игри во Токио во 2020 година.

На пласман на четвртото место, но во другата група, се надева и Египет. Во дербито на двете најдобри селекции, Египет ја победи Ангола (30:23) и сега ќе го чека исходот од дуелот меѓу Норвешка и Унгарија.

Вечерва се игра и дербито меѓу Германија и Шпанија, но тоа нема многу да решава бидејќи „црвената фурија“ нема шанси за пласман во полуфиналето. Ако Шпанија освои бод, а Хрватска загуби од Франција, тоа најмногу ќе му одговара на Бразил, кој би завршил на посакуваното четврто место.

- Оглас -

Најнови вести