Отаменди ја напушта Бенфика и се враќа дома

По шест години поминати во дресот на Бенфика, Николас Отаменди е подготвен за ново поглавје во кариерата.

Искусниот аргентински дефанзивец, кој со својата репрезентација ја освои светската титула, и оваа сезона беше еден од клучните фудбалери на португалскиот гигант, иако веќе има 38 години.

Отаменди сезонава настапи на дури 49 натпревари, покажувајќи дека и натаму може да игра на високо ниво. Сепак, по истекот на договорот решил да стави крај на престојот во Лисабон.

Во периодот минат во Бенфика, аргентинскиот стопер освои четири трофеи и остави длабока трага во клубот.

Иако многумина очекуваа да стави крај на кариерата, тоа нема да се случи. Според најавите од Аргентина, Отаменди е многу блиску до враќање во татковината, каде кариерата би требало да ја продолжи во Ривер Плата.

Неговата богата кариера започна во Велез, по што настапуваше за Порто, Валенсија, Атлетико Минеиро, Манчестер сити и за Бенфика. За репрезентацијата на Аргентина има дури 130 настапи.

Интересно е што Отаменди и понатаму е во комбинација за настап на Светското првенство во Америка, бидејќи повторно се најде на поширокиот список на аргентинската репрезентација.

- Оглас -

Најнови вести