Фудбалска бајка во Австрија: ЛАСК ја освои титулата по пауза од 61 година! (Видео)

Екипата на ЛАСК Линц е сензационален шампион на Австрија, откако успеа да ја прекине доминацијата на Салцбург и Штурм, кои ги освојуваа титулите во претходните 12 сезони.

ЛАСК го обезбеди трофејот со триумф од 0-3 на гостувањето кај Австрија Виена, со што ја зачува предноста од два бода во однос на Штурм, кој славеше со 2-0 над Рапид.

За екипата од Линц ова е само втора титула во историјата на клубот, а првата ја освоија во далечната 1965 година. Историската сезона за ЛАСК беше зачинета и со трофеј од Купот на Австрија.

 

- Оглас -

Најнови вести