Веќе е јасно дека Роберт Левандовски на крајот од оваа сезона ќе си замине од Барселона како слободен фудбалер, а „каталонциве“ летово ќе останат без уште еден офанзивец. Дани Олмо по две години престој на „Камп Ноу“ е на излезна врата, а интерес за него има од Манчестер сити.
Раководството на Барселона сериозно размислува да ја прифати понудата, според која би заработиле 60 милиони евра. Олмо пред две години пристигна во Барселона од Лајпциг, а овој трансфер крена голема прашина, поради неможноста веднаш да биде регистриран за настап, па целиот случај заврши на суд.
Олно за „каталонците“ одигра 80 натпревари со ефект од 20 гола и 17 асистенции.

