Ракометната репрезентација на Македонија е на само 30 минути до пласман на Светското првенство, кое во јануари следната година ќе се одржи во Германија, со оглед дека на полувремето во „Борис Трајковски“ имаме убедливо водство од 18-11 против Словачка.
Ако на ова се додадат и седумте гола предност од првиот меч во Словачка, тогаш јасно е дека второто полувреме ќе биде само формалност.
Македонија одлично го отвори првото полувреме. Уште на стартот поведе со 5-1, предност која брзо порасна и на 10-3, но и на максимални 12-4 и 13-5. Сепак, дојде до мало опуштање, па Словачка со три гола во серија намали на 13-8. До крајот на првото полувреме нашата предност се зголеми на +7 – 18-11.
Филип Кузмановски со шест гола е најефикасен во нашиот состав, додека Милан Лазаревски додаде три.

